Рокот за преминување кон дигитална ТB одлoжен

Bez autora
Sep 18 2012

На Македонија се заканува опасност да го пробие зададениот рок до 1 јуни идната година за целосен премин на сите телевизии од аналоген на дигитален сигнал. По еден неуспешен тендер, Агенцијата за електронски комуникации (АЕK) неодамна го продолжи за уште еден месец рокот за поднесување понуди на вториот повик за избор на оператор на дигитална телевизија (ДВБ-Т), а пропадна и конкурсот за избор на оператор за 4Г-мобилна телефонија, кој ќе зрачи на фреквенциите ослободени од аналогните телевизии. Со владиниот акциски план за премин од аналогно во дигитално терестријално телевизиско емитување, сите радиодифузери по 1 јуни 2013 година треба да престанат со емитување аналоген сигнал кој се фаќа со класична антена.

Рокот за преминување кон дигитална ТB одлженНа Македонија се заканува опасност да го пробие зададениот рок до 1 јуни идната година за целосен премин на сите телевизии од аналоген на дигитален сигнал.

По еден неуспешен тендер, Агенцијата за електронски комуникации (АЕK) неодамна го продолжи за уште еден месец рокот за поднесување понуди на вториот повик за избор на оператор на дигитална телевизија (ДВБ-Т), а пропадна и конкурсот за избор на оператор за 4Г-мобилна телефонија, кој ќе зрачи на фреквенциите ослободени од аналогните телевизии.

Со владиниот акциски план за премин од аналогно во дигитално терестријално телевизиско емитување, сите радиодифузери по 1 јуни 2013 година треба да престанат со емитување аналоген сигнал кој се фаќа со класична антена. Доколку навреме не се избере оператор на дигитална земска телевизија, се доведува во прашање исклучувањето на аналогниот ТВ-сигнал по овој рок, а со тоа и почетокот на работа на мобилниот 4Г-оператор, кој според планот е предвиден за 1 септември идната година, а за кој услов е со дигитализацијата да се ослободи радиофреквенцијата во опсегот од 800 мегахерци. Во тој случај, на Македонија ~ останува да го фати последниот рок за таканаречената „дигитална дивиденда“, кој според европската регулатива истекува во средната на 2015 година.

Според неофицијалните информации, конкурсот за 4Г-радиофреквенцијата е неуспешен бидејќи „Оне“ е единствениот кандидат, а според тендерската документација, јавниот повик е успешен доколку се квалификуваат и на јавното наддавање со почетна цена од 25 милиони евра учествуваат најмалку двајца понудувачи. Инаку, Владата очекуваше на овој тендер да се јават мобилни оператори од целиот свет како и трите домашни оператори.

Во АЕK велат дека рокот за поднесување понуди за избор на дигитален оператор е продолжен со цел успешно да се спроведе јавниот повик за овој нов технолошки скок во емитувањето на телевизискиот сигнал.

- Преминот од аналогно на дигитално емитување на телевизискиот сигнал е процес од исклучително значење за земјава и за да постигнеме што поквалитетни понуди одлучивме да го продолжиме рокот за доставување на документацијата - велат во АЕK.

Според прашањата од заинтересираните оператори доставени до Агенцијата, најголема дилема за учество на конкурсот им создава неможноста да пренесуваат странски телевизии, освен домашните национални и регионални ТВ-станици. За дел од кандидатите спорно е и тоа што ќе мора да платат надомест за користење радиофреквенции веднаш штом ќе го добијат одобрението за користење на радиофреквенциите, односно уште годинава, а не откога ќе почнат со комерцијална работа. Инаку, за разлика од првиот јавен повик, на кој се доделуваа три мултиплекса, на овој повик се доделуваат само два. Третиот мултиплекс ќе биде доделен преку јавен тендер по барање на Советот за радиодифузија.

Според условите од тендерот, избраниот оператор ќе мора до 1 јуни идната година да покрие со дигитален сигнал најмалку 80 отсто од домаќинствата во земјава, со што гледачите ќе добијат кристална слика, беспрекорен звук, електронски програмски водич, видеотекст и поквалитетна резолуција. На првиот јавен повик, кој беше распишан во март, се јави само домашната фирма „Веселин ДООЕЛ“, но таа потоа се откажа од задачата до јуни идната година да ги префрли сите телевизии од аналоген на дигитален сигнал.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik